Иванов ќе ги прими акредитивите од амбасадорите на Велика Британија и Саудиска Арабија – ММС
ММС

Објавено на: 07/26/18 7:14 AM

Иванов ќе ги прими акредитивите од амбасадорите на Велика Британија и Саудиска Арабија

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во „Вила Билјана“ во Охрид ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија.

Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, акредитивните писма ќе ги прими од Рејчел Галовеј, новоименуван амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија и од Абдулмомен бин Мохамед Шараф, новоименуван амбасадор на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија, со седиште во Тирана.

 

Извор:МИА