Eкипата предводена од Девон Букер и Крис Пол синоќа го совлада шампионот во НБА лигата со 114:104 и покрај одличната индивидуална партија на Леброн Џејмс (38 поени, пет скокови и шест асистенции) успеа да му земe „скалп“ на фаворитот број еден за прстен и оваа сезона.
Леброн Џејмс по пишувањата на американските медиуми против Кингси за првпат во оваа кампања ќе седне на клупа и нема да го почувствува паркетот во калифорниското дерби, а на клупа и тоа во соблекувалната вчера прерано седна и Девон Букер.
Неправедно изоставениот кошаркар од „Ол Стар“ мечот, во третата четвртина регуларно ја додаде топката до еден од судиите, а тој таквото исфрлање го окарактеризираше како потег вреден за исклучување од игра. Тренерот, соиграчите, но и противничкиот тим изгледаше зачудено по ваквата одлука, а однесувањето на судиите и правилата во најдобрата кошаркарска светска лига од година во година станува посимптоматично.
Devin Booker gets ejected after bouncing the ball at a ref 👀 pic.twitter.com/kEj0hoMRNz
— Bleacher Report (@BleacherReport) March 3, 2021
Фото:
brightsideofthesun.com