(ФОТО) Горан Пандев во добро друштво на пакетчињата на сликичките на „Панини“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/21 1:08 PM

(ФОТО) Горан Пандев во добро друштво на пакетчињата на сликичките на „Панини“

Човекот легенда, човекот херој од Тбилиси по историската победа над Грузија во финалето на плејофот на Лигата на Нациите која ја одведе македонската фудбалска репрезентација за првпат на едно големо натпреварување, се најде и на пакетчињата на сликичките на албумот на „Панини“.

Да, Горан Пандев заедно со Робертсон од Ливерпул и Шкриниар од Интер, се појави на официјалните „кесички“ за Еуро 2020 албумот. Момците на Игор Ангеловски во јуни во Букурешт и Амстердам ќе дебитираат на Европско, а дотогаш фановите на репрезентацијата ќе мора да се воздржат и да „лепат“ сликички на албумот.

За „имам, имам, немам“ лесно ќе се договориме.

 

 

 

Фото:

Тwitter /@PrvaLigaMK