„Бев во затвор поради Ратко Младиќ“ – потресна исповд на Бојан Васковиќ – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/21 12:18 PM

„Бев во затвор поради Ратко Младиќ“ – потресна исповд на Бојан Васковиќ

Фронтменот на групата Лексингтон, Бојан Васковиќ (37) изјавил дека тој бил во затвор со неговата сестра и мајка затоа што биле обвинети за криење на генералот Ратко Младиќ по војната во Босна, во времето кога тој бегаше од заминувањето во Хаг.

Пејачот објасни дека неговиот татко Љубомир, мајката Лилjана, сестрата Тијана и тој биле колатерална штета на тогашната влада и дека без никаква вина биле измачуавни.

– Кога го напуштивме Сараево, јас и моето семејство бевме во минус кога станува збор за финансиите.Живевме како кртови, 100 метри под земја. Периодот на апсењето беше ужасен, каде што ние, како семејство, а особено јас и сестра ми, бевме навистина колатерална штета на тогашниот режим. Ме обвинија кога имав 17 години дека го кријам Ратко Младиќ. Бев во самица два и пол месеци, мајка ми осум месеци, сестра ми помина два и пол месеци, а татко ми беше дома сам за тоа време. Зошто? Бидејќи мајката работела во бирото на Република Српска, со веќе починатиот Јован Чог, кога го обвинија, како првообвинет, за криење на Ратко Младиќ. Замислете да го кријам Ратко Младиќ на 17 години?! Не го познавам човекот, никогаш во животот не сум го видел – открил пејачот.

Тој исто така во интервјуто раскажува додека полицијата ги апсела него и неговата сестра, мајка му била уценувана за да каже нешто во врска со бегствотот на Ратко Младиќ. Тој зборува за ова бидејќи се поминати 11 години и семејството е ослободено од тоа обвинение.

– Замислете додека ме уапсеа мене и сестра ми, ја уценуваа мајка ми да каже нешто! Типичен политички случај! Сега можам отворено да зборувам за тоа, бидејќи по 11 години, правдата победи, а ние сме слободни. Кога бевме во затвор, сите беа љубезни со нас, тие знаеја дека сме тука пред правдата Божја. И таму има луѓе, не сакам да се сеќавам на тој период, само знам дека многу читав, тренирав и потоа ја запалив и првата цигара. Бев во Централниот истражен затвор во самица и затоа немав контакт со други затвореници. Ништо не си направил, не знаете зошто сте тука и колку долго ќе бидете, тоа е вистинска агонија. Кога дојде адвокатот, неговата прва реченица беше: „Сине, ова ќе помине“. Тој виде дека сум млад, дете, виде дека сум исплашен. Не знаев што се случува ни со мајка ми, татко ми, сестра ми, немав информации 15 дена, додека не дојде адвокатот, тој рече: „Тоа е политички случај, ќе помине како што ќе помине, ние немаме влијание “, процесот траеше 11 години, открива пејачот.

 

Извор и фото: Република.рс