ФА и УЕФА не сакаат Еуро 2020 да се одржи само во Англија – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/21 12:23 PM

ФА и УЕФА не сакаат Еуро 2020 да се одржи само во Англија

Иако во последните денови засилени беа шпекулациите за одржување на Еуро 2020 само во една земја, Англија, денес до јавноста доаѓаат допираат старо-нови гласови.

Пандемијата на коронавирусот веќе го одложи Европското првенство во фудбал кое требаше да се одржи минатата година и го закажа за јуни 2021 година, а неповолните околности и нестивнувањето на пандемијата го доведоа до прашање и овогодинешното издание на ЕП, ако ништо друго, барем неговиот првичен формат.

Сепак, македонската фудбалска репрезентација ќе дебитира на големото натпреварувања во, надежно, неколку од вкупно 12-те земји домаќини за европскиот турнир на големците. УЕФА и ФА се противат на предлогот за одржување на Европското во само една земја и во иднина ќе ги одбијат сите можности за реструктурирање на првенството, пренесува „The Times“.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Англија е подготвена за преземање на повеќе мечеви доколку една од 12-те земји домаќини не се во прилика целосно и безбедно да го организираат турнирот во групната фаза и нокаут-натпреварите, но Фудбалската Асоцијација и УЕФА сметаат дека веќе е доцна за преземање такви чекори.

Пандев и другарите на континенталниот собир ќе играат во рамките на групата Ц заедно со селекциите на Австрија, Украина и Холандија, на тревниците во Букурешт и Амстердам во јуни годинава.