„Цела ноќ не спиев поради Златен, среќна сум што „Јутро је“ се слушна и на Санремо“ – Нада возбудена од гестот на Ибрахимовиќ – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/21 11:59 AM

„Цела ноќ не спиев поради Златен, среќна сум што „Јутро је“ се слушна и на Санремо“ – Нада возбудена од гестот на Ибрахимовиќ

Нада Топчагиќ не можела да спие цела ноќ од среќа затоа што Златан Ибрахимовиќ се појавил на сцената на италијанскиот фестивал Санремо со воведните тактови на нејзината песна „Јутро је“.

Несомнено, ова е голема чест за српската пејачка, особено затоа што на тој престижен фестивал никогаш не бил слушнат ниту еден народњак од овие простори.

– Што да кажам, пресреќна сум. Нема кој не ми се јави, сите зборуваат само за тоа. Една таква спортска легенда да се појави на Санремо со моја песна е несекојдневна чест и задовлство. Мислам дека тоа никој од музичарите не го има доживеано, воодушено изјавила Нада за српските медиуми и додала дека имала прилика да го запознае Ибахимовиќ.

– Мојот сопруг Златко и јас еднаш бевме кај таткото на Ибрахимовиќ на ручек, тоа беше одамна. Златан тогаш беше мал и од тогаш го немам видено, не сме во контакт. Неговиот татко свиреше хармоника и така се запознавме. Не ни знаев дека ја слуша мојата музика, луѓе ова е курната на мојата кариера, закучила Топчагиќ.


Извор и фото: Курир.рс