(ВИДЕО) Ова не е фикција: Ибрахимовиќ, „Санремо“ и „Јутро је“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/21 10:26 AM

(ВИДЕО) Ова не е фикција: Ибрахимовиќ, „Санремо“ и „Јутро је“

Ако човек помисли дека не постои повеќе ништо на светот што може да го изненади од Швеѓанецот со босански корени, тогаш „дебело“ погрешил.

Златан Ибрахимовиќ, „Санремо“ и фолк хитот „Јутро је“, кои се заедничките точки на спојување? И дали воопшто можеме да зборуваме за нешто заедничко помеѓу овие три работи? Епа, можеме. Не само да зборуваме, туку да слушаме и гледаме.

Фудбалерот на Милан на овогодинешното издание на еден од најреномираните европски музички фестивали, се појави како гостин со песната на Нада Топчагиќ, „Јутро је“. Ибрахимовиќ пред неколку седмици победата на својот тим во домот ја прослави токму со оваа песна, но кој би очекувал дека неговото интро на „Санремо“ би било идентично и уште поважно, дали Ибра е навистина „Бог“, како што вели и самиот, со оглед на тоа дека фестивалот кој негува и промовира дијаметрално спротивна музика направи преседан за некогашниот фудбалер на Барселона и Ајакс.

 

 

Дали е, немаме одговор, но дали оди по земја, о да. Ибра е неверојатен.