Изедовте чоколадо и ве гризе совеста? Постои начин да ја „потрошите“ без вежбање – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/21 11:28 PM

Изедовте чоколадо и ве гризе совеста? Постои начин да ја „потрошите“ без вежбање

Ако не можете да им одолеете на слатките, а тоа не сакате да се одрази на вашата линија, има решение.

Д-р Саша Плечевиќ или познат како д-р FeelGood, открива како можеме да го „потрошиме“ чоколадото од 100 грама, а да не мрднеме со прст.

Можеби овој негов предлог ќе им се допадне на љубителите на чоколадо – потребно е само долго и цврсто да спиете.

-Сонот е исклучително важен за нашето здравје. Но дали знаевте дека за време на спиењето трошиме калории. Во текот на сонот нашиот организам ги обновува нашите клетки и троши помеѓу о,5 и 1 килокалории на час. Тоа значи дека личноста која тежи 80 килограми во текот на 7-8 часа сон троши 540 калории, вели докторот.

Толку всушност содржи и една просечна чоколада, околу 540 калории.

Извор: Телеграф.рс