(ВИДЕО) Првата објава на сопругата на Балашевиќ после неговата смрт – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/21 10:50 PM

(ВИДЕО) Првата објава на сопругата на Балашевиќ после неговата смрт

Оливера Балашевиќ, сопругата на Ѓорѓе Балашевиќ, после смртта на сопругот за прв пат објави на социјалните мрежи после 11 дена.

Таа на посебен начин споделила видео-исечок од емисија во која гостувала.

„Живееме во чудни времиња. Она што е далеку, секој ден се чини уште подалеку. А она што ни е блиску, ни е се поблиску и поблиску.

Во хаосот на ова искривено огледало од пандемијата и апсурдите, кој сме ние ако не се стремиме кон вредностите?

Најдлабоките, оние кои влечат од нашите корени, и тивко нас ни шепотат, не потсетуваат кои сме.

 

Така и на денот на мајчиниот јазик му должиме, ако ништо, барем благодарност. Што не опоменува да не заборавиме.

Корени. Мајка. Баба. Нас самите.

Но неможам а да не се запрашам, дали мајчиниот јазик е оној на кој не учат нашите мајки, или пак оној на кој ги учиме нашите деца?

Мојата мајка, за жал го немаше. Растејќи во некои други времиња, засекогаш остана без тој изворниот, кој ги пишува нашите први приказни, или можеби го имаше, но ние не му го знаеме името?

Било како било, среќа е што планетите имаат свој јазик. И се разбираат. Тие се пак тајно и непогрешливо поврзани, светови за себе.

Различни, а исти.

Ми беше чест и одговорност, по повод 20. Меѓународен празник на мајчиниот јазик и јас да кажам неколку зборови. Оние од најдалечните агли на душата, како кога од вас ќе прозбори дете сираче од војната, кое одрастело баш овде, во Ковачици.

Ми шепнаа од мојата Планета, да ви пренесам да не заборавите.

Туку да се сеќавате.“