Едноставна маска од две состојки која ја регенерира косата од коренот до врвовите – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/21 10:16 PM

Едноставна маска од две состојки која ја регенерира косата од коренот до врвовите

Ако имате проблем со сува коса, а регенератор не помага, не фрлајте пари и направете природна маска.

Овој супер хидратантен и едноставен третман за коса е доволно да го нанесете еднаш во неделата.

Состојки:

2 лажици мед – Медот е природен навлажнувач, има способност да привлекува и да ја одржува влажноста.

1 средно авокадо – Содржи високо незаситени масти, авокадото е богато со хранливи состојки.

Постапка: Земете авокадо со средна големина и изгмечете го додека не стане меко. Додајте две лажици мед и добро помешајте. Нанесете на сува или благо влажна коса и оставете да делува од 15 до 20 минути. Добро измијте и по потреба додадете шампон и регенератор.

За мрсна коса: Можете да се одлучите за примена на овој третман почнувајќи од средината на главата (нивото на увото). Ова спречува мрсење на косата. Кај нормална коса, слободно измасирајте во кожата на главата и косата.

Извор: Информер.рс