Унгарците овие денови печат колачи за вработените во Брзата помош кои се борат со новиот пораст на заразени со Ковид 19, откако жена која е соновач на групата за готвење ја прашала својата пријателка како може да помогне.
-Само што успеав да завршам, ми рече: „Ох, би сакале некои колачи“, рекла Естер Хармат, пренесувајќи го разговорот со кој започнала оваа акција, пренесува Ројтерс.
-Тие често држат смени облечени во потполна заштитна опрема и тешко можат да седнат да јадат на нормален начин, но колачите се нешто што можат да го понесат со себе, додала таа.
Иницијата е родена во скромна кујна во малиот град Сентандреи.
-Тоа не е совршена кујна и јас често готвам со мојот син на грбот, рекла Хармат, додека нејзиниот син љубопитно гледал како меси тесто.
Нејзината Фејсбук група „Моја карантинска кујна“ сега има 8.000 членови кои сега разменуваат рецепти и идеи, а кои не се ограничени само на печење.
Извор: Телеграф.рс