Цело време водеа, на крајот одвај се изборија за реми: „Металург“-“Адемар Леон“ 27-27 – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/21 8:31 PM

Цело време водеа, на крајот одвај се изборија за реми: „Металург“-“Адемар Леон“ 27-27

Речиси цел меч ракометарите на „Металург“ водеа, полувремето го завршија со три гола предност (16-13), но на крајот скопјани се бореа и се изборија само за реми, со што се простија од европската сезона, а шпанскиот „Адемар Леон“, вечерашниот противник на „Металург“ во Скопје, е втор во групата и ги продолжува натпреварите.

До првото изедначување на натпреварот  „Адемар Леон“ успеа да стиге дури во 53 минута, а во следната и поведе со 25-24. Водството потоа и го зголеми на два гола. Сепак, „Металург“ со гол во последните секунди успеа да изедначи. Најефикасни кај домаќинот беа Серафимов со 7, Кауѓеровиќ со 5 и Тарабокија со 4 гола.

Вечерва и вториот македонски претставник во Лига Европа има меч. Гостува во Швајцарија и, во борба за второ место во групата, се среќава со „Кадетен шавхаузен“. Мечот е од 20.45 часот.