Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска престојуваше во Сараево, каде што се сретна со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина и ја врачи донацијата вакцини против Ковид-19. На враќање за Белград, Вучиќ купи сараевски ќебапи и на Инстаграм објави фотографија.
„По успешниот престој во Сараево, ќебапите се најдобро освежување за враќање во Белград. Служев војска во Лукавица и оттогаш ги обожувам сараевските ќебапи. Сепак, поважно од од се’ е фактот што закажавме голем самит Србија – БиХ во Белград. Одлична прилика за унапредување на односите“, напишал Вучиќ во описот на фотографијата во авионот, пренесува „Дневни аваз“, напишал Вучиќ во описот на фотографијата.