Вакцинацијата против Ковид-19 услов за овогодишниот аџилак во Мека и Медина – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/21 3:26 PM

Вакцинацијата против Ковид-19 услов за овогодишниот аџилак во Мека и Медина

Властите на Саудиска Арабија соопштија дека вакцинацијата против коронавирусот (Ковид-19) ќе биде еден од основните услови за овогодишниот аџилак, пренесува агенцијата Анадолија (АА).

Саудискиот министер за здравство, Тавфиг бин Фавзан ал Рабијах, одржа состанок со ресорните официјални претставници на таа земја и соопшти дека сите заинтересирани за учество на овогодишниот аџилак мора да ја примат вакцината против Ковид-19.

Весникот „Указ“ јавува дека министерот Ал Рабијах исто така им наложил на ресорните служби благовремено да ги подготват амбулантните пунктови и здравствениот персонал кој за време на аџилакот ќе биде ангажиран во Мека и Медина.

Тој побара и формирање на комисија за Ковид-19 што ќе ја анализира ситуацијата и ќе дава препораки и наредби поврзани со аџилакот.