Кога Диего Армандо Марадона ти е дедо, Серхио Агуеро татко, а Лео Меси кум, тогаш очекувањата за тебе, барем водејќи се по онаа старата „крушата под круша паѓа“ се поприлично големи.
Во фудбалското растење и додека не пристигне на големата сцена доколку реши да ги следи чекорите на својот татко, Бенџамин Агуеро има играчки идоли кои никому не би му паднале на памет. Иако неговиот избор е неконвенционален, може да се забележи дека малиот Бенџамин за разлика од неговите врсници, го гледа фудбалот со поинакви очи и ја разбира неговата суштина.
Пред одлучувачкиот натпревар во борба за титулата против Лестер, во сезоната 2018/2019 кога Винсент Компани со фантастичен погодок го сруши гостинот и најави славје во „синиот“ дел на Манчестер, Бенџамин му испратил порака на Серхио: „Го сакам дресот на Џејми Варди“.
Аргентинскиот напаѓач, како секој одговорен родител ја исполнил обврската и по завршувањето на дуелот успеал да ја земе „деветката“ на Варди. Фудбалерот кој во доцните години се афирмираше како играч и на неверојатен начин во 2016-та година со Лестер го шокираше светот.
Never forget that Benjamin Aguero, Sergio’s son, Maradona’s Grandson and Lionel Messi’s godson wants to be like Jamie Vardy when he’s older pic.twitter.com/40rS4qgrWs
— Archie⚜️ (@lcfcarchie) February 15, 2021
Бенџамин навистина е феномен. Со „добро око“ и префинет вкус.
Фото:
sportskeeda.com