Отворање иновативната еко-зона во центарот на Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/21 8:56 AM

Отворање иновативната еко-зона во центарот на Скопје

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, денеска ќе присуствува на отворање на иновативна еко-зона во центарот на Скопје. На овој настан ќе присуствуваат и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер, директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион и претставници од граѓанската организација „Гоу Грин“.

– Овие иновативни еко-зони се наоѓаат на територија на три скопски општини, на кои се поставени смарт клупи кои имаат сензори за квалитет на воздух, се напојуваат од сончева енергија и имаат бесплатен вифи интернет. Зоните се оплеменети со зеленило и заедно со кантите за селекција ќе ја создадат „Биди Зелен” зоната. Зоните се поставени на стратешки локации и со тоа ќе се едуцираат најмладите за климатските промени, квалитетот на воздух, електричниот транспорт и рециклирањето на секундарни суровини. За промоција и едукација ќе се користи рециклирана садлива хартија кои откако децата ќе прочитаат ќе ја засадат во саксија и ќе научат за циркуларната економија, соопштија од Министерството за локална самоуправа.

Оваа зелена зона е овозможена преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” од Швајцарската агенција за развој и соработка.