Машки труп е пронајден денеска во попладневните часови во Штип, на улицата Вита Поп-Јорданова, во близина на библиотеката ,,Гоце Делчев“.
Телото го забележала жителка од улицата и пријавила во Полиција. Таа го отворила прозорецот, а непријатиот мирис го привлекла нејзиното внимание. Веднаш на лице место пристигнале екипи од штипската Полиција и Обвинителството а поради непристапноста на теренот и екипа од ТППЕ. Телото е предадено на обдукција.
Од полицијата потврдија дека денеска во 15.20 минути било пријавено дека на улицата Вита Поп-Јорданова е забележано безживотно машко тело. Повеќе информации најавија за утрешниот ден.