Полициски службеник е ранет попладнево во населбата Ѓорче Петров во Скопје. Завршил со полесни повреди на ногата и е надвор од животна опасност. Нападот се случил околу 16.50 часот на кружниот тек во близина на црквата „Св. Петар и Павле“.
Напаѓачите од автомобил“ голф стрелале кон возилото во кое бил полицискиот службеник, по што избегале. Повредениот имал прострелна рана во ногата и сам заминал во градската болница „Осми септември“. На местото на оружениот напад во тек е увид на надлежните органи и засега нема сознанија за идентитетот на напаѓачите.
Неофицијално, застреланиот полицаец З.Р., како што пишуваат некои медиуми, бил син на поранешниот поглавар на ИВЗ, Сулејман Реџепи.