Полициски службеници го регулираат отежнатиот сообраќај на патниот правец Прилеп – Градско, кај местото Топлица, по една сообраќајна лента, откако тешко товарно возило се преврте на патот.
-Околу 16 часот на патниот правец Прилеп – Градско тешко товарно возило се преврте во близина на Топлица, при што настана застој во сообраќајот, а забрана за движење имаа сите лесни патнички и тешки моторни возила – камиони, информира АМСМ.
Полицијата прави увид на местото на несреќата.
МИА