Во тешкото време, кога многмина поради коронавирусот останаа без работа и помош, пекарница во Врбас, Србија, на сите граѓани кои немаат доволно пари ни за основните намирници, бесплатно ќе им дели леб, пренесуваат српски медиуми.
„Драги сограѓани, за лицата кои не можат да го платат и да си го дозволат, лебот е бесплатен. Оваа одлука стапува на сила на 28 февруари 2021 година и ќе трае се’ додека трае и борбата со ковидот“, пишува на влезот на пекарницата.
Кога секоја пекарница, секоја продавница би се одлучила на ваков потег за луѓето кои немаат пари за нормален оброк, целото наше општество, а не само оваа пекарница, би поминале голем тест на хуманоста, пишува „Ало“.