Педесетгодишна жена од Скопје пријавила дека ноќеска околу 01:30 часот, додека била во Дом за штитеници „Ранка Милановиќ“, каде е сместена со нејзините две деца, дошол нејзиниот вонбрачен партнер Е.Б.(34) и физички ја нападнал неа и нејзините деца.
Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен утрово во 07:00 часот во Полициската станица Гази Баба.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот