За денар до денар и половина се зголемуваат цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Еуросупер БС-95, дизелот и Есктра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар, а Еуросупер БС-98 за денар ипол.
Според тоа, новата цена на Еуросупер БС -95 ќе биде 65,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 67,50 денари, а дизелот по цена од 56 денари за литар. Есктра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 45 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 HC се зголемува за 0,637 денари за килограм и сега ќе изнесува 35,396 денари за килограм.
МИА