Рибарите од цела Македонија се собраа викендов во Дојран. Како што велат, причината е што во овој период се најголеми карашот и црвеноперката. Кога дел од нив прашавме од каде се се дојдени рибарите во Дојран, тие ни рекоа- од каде не, од цела Македонија.
Дополнително задоволство на рибарите им беше што времето им се погоди, беше сончево, невидена пролет среде зима, па можеа комотно да уживаат во нивната страст- рибарењето.
Нормално, не им посакавме среќа, бидејќи она што строго е забрането да се каже на рибар е- ај со среќа!
Погледнете како уживаа рибарите во Дојранско езеро.
Фото: Вангел Тануровски