Фејсбук блокираше страници со лажни вести пред изборите во Бразил – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/18 5:05 PM

Фејсбук блокираше страници со лажни вести пред изборите во Бразил

Фејсбук ја блокираше мрежата од страници преку која членовите на десничарската бразилска група Движење за слободен Бразил ширеа лажни вести.

Блокирањето на страниците е една од мерките на бразилските власти за борба против ширењето лажни вести пред изборите кои ќе се одржат во октомври.

Вкупно биле блокирани 196 страници и 87 профили заради, како што е наведено, „кординираното учество во мрежа која погрешно ја претставувала природата и потеклото на нејзините содржини, а со цел дезинформирање и создавање на поделби“.

Движењето за слободен Бразил стана познато, откако во 2016 година ги предводеше протестите против поранешната бразилска претседателка Дилма Русеф.