Екс-претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу, уапсен е денес во каталонската престолнина, пренесува шпанска „Cadena ser“.
Покрај него, полицијата ги уапси Оскар Граи и Роман Понти, обвинети за скандалот „Барса Гејт“, во кој клубот најмил и платил компанија да ги „оцрнува“ во јавноста сопствените играчи (вклучувајќи го и Лео Меси) и политичките опоненти.
Во моментот на апсење Бартомеу бил во сопствениот дом, а попрецизни детали за полициската акција се очекуваат во текот на денот.
Полицијата го истражува овој случај откако за првпат во медиумите се појави ваквата шокантна информација. Бартомеу и неговите соработници ќе одговараат пред властите за „перење пари“ и корупција.
Фото:
cadenaser.com