Следната недела „паѓа“ и Федерер: Новак Ѓоковиќ го изедначи рекордот на Швајцарецот на АТП листата – ММС
ММС

Објавено на: 03/1/21 12:11 PM

Следната недела „паѓа“ и Федерер: Новак Ѓоковиќ го изедначи рекордот на Швајцарецот на АТП листата

Светскиот рекет број еден и актуелен освојувач на првиот Гренд Слем во календарската тениска година, Новак Ѓоковиќ, ја започна 310-тата недела на врвот на АТП листата и со тоа го изедначи рекордот на легендарниот Швајцарец, Рожер Федерер.

Српскиот ас следната седмица на осми март, официјално ќе влезе во историјата на оваа игра и ќе стане тенисер со највеќе број на недели минати на првото место на АТП листата.

Пред токму 10 години, Новак во една од најдобрите негови професионални сезони го зазеде ова место 122 недели и тоа претставуваше негова најдолга низа.

Трет на оваа вечна листа е американскиот тенисер, Пит Сампрас, со вкупно 286 недели поминати на врвот на АТП ранг листата.