Почина родилка во Гинеколошката болница во Чаир – ММС
ММС

Објавено на: 07/25/18 3:40 PM

Почина родилка во Гинеколошката болница во Чаир

Денеска во претпладневните часови почина родилка како резултат на комплицирана бременост – соопшти Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Чаир каде родилката била примена во текот на вчерашниот ден како високо ризична бременост во преекламптична состојба во 38ма гестациска недела од бременоста. Од Болницата информираат дека плодот бил во карлична презентација, а мајката со повеќе големи туморозни формаци на матката и две предходни породувања со царски рез.

По приемот се превземени сите соодветни мерки за стабилизација на пациентката и следење на состојбата на плодот. Поради влошување на здравствената состојба на плодот и мајката се пристапи кон итно породување со трет царски рез, при што е родено живо новороденче. Непосредно по завршување на операцијата дојде до акутно влошување на општата здравствена состојба на родилката и дистабилизирање на виталните параметри. По иницијална интензивна ресусцитација, пациентката во исклучително тешка состојба со возило на брза помош е префрлена на Универзитетска Клиника по хируршки болести “Св.Наум Охридски” – Скопје каде што во претпладневните часови и покрај целосниот ангажман и дадена терапија по протокол истата екзитирала, соопштија од Болницата.