На 28.02.2021, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во с.Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26) – соопшти денеска МВР.
На свадбата присуствувале околу 300 гости, со што било постапено спротивно на член 206 од Кривичниот законик.
Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. За настанот бил известен Јавен обвинител – додаваат од полицијата.