Министерот за здравство д-р Венко Филипче во вечерашното гостување во Дневникот на Канал 5 телевизија потенцираше дека во нашата земја се уште не е детектиран јужноафриканскиот сој на вирусот. Здравствената состојба се следи и засега не се предвидени рестриктивни мерки.
„Некаде околу 70тина проценти според лабораторијата во Клиника Жан Митрев, а оваа недела ги очекуваме резултатите од лабораторијата во МАНУ е присутен британскиот сој. Првичните испитувања укажаа на тоа дека е полесно трансмисибилен, што значи дека може да зафати поголем број на луѓе во пократок временски период. Меѓутоа, истовремено и една ситуација во којашто и убавото време ги тера луѓето да не ги почитуваат превентивните мерки. Се случува слично и во околните земји. Пратиме што се случува и во Албанија и во Србија, имаме зголемен број на пациенти посебно во некои градови. Навистина се зголеми бројот на хоспитализирани пациенти во болницата во Кавадарци и Прилеп. Со иста динамика беше и приемот на пациенти во охридската болница, во другите градови состојбаѕа е прилично мирна и стабилна. Во овој момент имаме сосем доволно болнички капацитети. Ситуацијата засега е таква да нема нагол раст на кривата како што имаше во месец ноември. Мерките засега се добри и ситуацијата се прати“, истакна Филипче.