Пронајдени четири лица мигранти во „мерцедес“ кај струмичко Банско – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/21 3:11 PM

Пронајдени четири лица мигранти во „мерцедес“ кај струмичко Банско

Полицијата вчера во струмичкото село Банско при преглед во возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, пронашла четири лица – мигранти.

Во денешното соопштение од МВР се наведува дека вчера околу 11.30 часот полициски службеници го лишиле од слобода Н.А.(35) од с.Долна Бањица, гостиварско, затоа што при преглед во возилото „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал, биле пронајдени  мигрантите. Тој бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, стои во соопштението, против Н.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

foto-arhiva