Демократската Унија за Интеграција синоќа одржа состанок на Централното раководство со цел да се разговара за последните случувања во извршната власт и внатре во партијата.
По вечерашниот состанок, ДУИ ги отфрли гласините за поделби во партијата, нарекувајќи ги заговор во јавноста.
Претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети во оваа прилика рече дека состаноците на оваа ниво во последните месеци не се одржувале како резултат на пандемијата КОВИД-19 и затоа имало потреба од дебата и дискусија, во кој случај вечерва беа расчистени сите дилеми и не се остави простор за други алиби.
„Не се работи за одлуки, тоа е потреба на време бидејќи епидемијата предизвикана од КОВИД 19 го направи своето. Целта на овој состанок беше јавноста да види директно дека Демократската Унија за Интеграција е и ќе биде сплотена и уште подобро организирана. Дискутирани се сите прашања,
јавноста е заинтересирана затоа што имаше различни информации во отсуство на овие состаноци поради пандемијата, но јас ги уверувам сите дека се е разјаснето на оваа средба. ДУИ е добро организирана, затоа што сите сме единствени и унифицирани. Сите разлики меѓу нас се надминати.
ДУИ е на пат да преземе нови одговорности. Не се зборуваше за оставки, туку само за напредок„ рече претседателот Ахмети по состанокот на централното раководство на ДУИ.
Во оваа прилика, Ахмети го коментираше и вчерашниот протест, за кој рече дека „овие луѓе се користат за политички цели“ и дека од ДУИ секогаш охрабрувале, барале меѓународна истрага за овие случаи и дека ДУИ ќе продолжи да го прави истото.
„Најдоброто нешто е да не ги злоупотребуваме овие луѓе, да не ги злоупотребуваме луѓето кои се во тешка состојба. Отсекогаш сме биле во контакт со луѓе кои имале проблеми и се обидувавме да им овозможиме контакт со сите меѓународни институции. За сите овие прашања побаравме
меѓународна експертиза, директен меѓународен мониторинг. Побаравме меѓународна истрага за прашањето за вчерашните протести до странски експерти на оваа област, каде добивме позитивен одговор од нашите американски пријатели, како и од Европската Унија. Постојат и повисоки
инстанции каде за ова прашање може да се поднесе жалба и што се однесува до нас, ќе сториме се што можеме “, рече претседателот Ахмети.
Од Демократската Унија за Интеграција по состанокот на Централното претседателство, тие исто така најавија дека разговарале за принципите, стратегијата и сите задачи и обврски што ги очекуваат како учесници во владата.
Објавено на: 02/28/21 11:20 AM