Среќа во домот на Атиџе, конечно ја направи куќата и ја запеа „Македонско девојче“ – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/21 11:53 PM

Среќа во домот на Атиџе, конечно ја направи куќата и ја запеа „Македонско девојче“

Денеска во новиот дом на хероината Атиџе Муратова во Дорфулија се славеше со песна и пита. Со помош на донации нејзината куќа, во која неколку години не можеше да се всели, конечно е завршена.

-Атиџе беше пресреќна, не престана да пее. Македонски, турски песни, беше весело. Специјално за сите гости ја запеа „Македонско девојче“. Не можам да опишам колку беше среќна.  Ја средија ептен, додадоа темели, направија прозори, подот во сите соби и фасадата а има и мебел од донации. Денес се собравме сите за да ги почастиме мајсторите, дека веќе е готово, вели Сузе Турунџиева, која последните неколку месеци и ја пружи најголемата поддршка.

И покрај животот каков што го живееше Атиџе не престана да пее, а токму поради тоа добила на подарок и микрофон.

-Да, да доби микрофон на подарок. А вчера  бевме во Штип каде снимавме две нови песни „Добро раѓа добрина“ и „Иста судбина“., вели Сузе, која се погрижи и за нејзиното разубавување, но и конечно да го реши проблемот со забите, со кој со години се мачи таа откако ја нападна и искасапи кучето на соседот.

Сузе вели дека а се ова да заврши така голема заслуга имаат Маурисио и Марија.

-Хуманите луѓе со големи срца, многу често остануваат анонимни. Затоа морам да напоменам дека сите градежни работи кои за рекордно време се направија во куќата на Атиџе во Дорфулија се реализираа благодарение на Маурисио Дибјаџио, сопругот на најуспешната и најхумана Македонка во дијаспората, Мариа Дуда,  кој отвори сметка за донации на која се собираа средства за овој голем проект, додаде Турунџиева.

Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива…

Posted by Suzana Turundzieva on Saturday, February 27, 2021