Секс, оргии и дрога – откриени тајните на Плејбој вилата – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/21 8:39 PM

Секс, оргии и дрога – откриени тајните на Плејбој вилата

Хју Хефнер почина на 27. Септември 2017 година во 91-та година од животот, а зад него остави огромен имот, познатата Плејбој вила во која живееше со своите „зајчици“.

Многу мажи ширум светот посакувале барем еднаш да ја имаат за своја Плејбој вилата. Сцени кои често можевме да ги видиме на малите екрани од оваа вила, најмногу во реалното шоу кое беше многу популарно, претставуваа еден лежерен, незаборавен живот на насмеаните девојки кои живееле таму. Сега познатата Хефнерова „зајчица“ открила дека таму ништо не било лесно.

Холи Медисон во своите мемоари „Down the Rabbit Hole“ ја открила мрачната страна на животот во познатата вила на Хју Хефнер.

Таа во нив прозборела за бизарните сексуални желби на сопственикот на Плејбој царството и дрогирани оргии во кои „зајчиците“ биле присилени да учествуваат за да можат бесплатно да живеат во луксузната вила.

„Знаевме дека тоа е премолчениот услов за престој во куќата“, рекла Мадисон која најдолго била девојка на Хефнер.

Холи во вилата се доселила во 2001 година, а Хју веднаш ја презел контролата над нејзините финансии, па тој не и давал да заработува надовр од неговото царство.Додека биле во врска зборувала и како сакала да се ожени за него и да му роди деца, а и Хефнер тврдел дека ќе биде со неа до крајот на животот, но во 2008 година раскинале.

Мадисон раскинувањето го опишала како конечно лечење од стокхолмскиот синдром.

Додека му била девојка, станала ѕвезда на реалното шоу „Girls Next Door“ кое покрај нејзинит, го прател животот на уште две Плејбој зајачици, Бриџит Марквард и Кендра Вилкинсон со кои Хефнер исто така бил посебно близок.

Животот во озогласената вила Холи го опишала како „пекол“, а признала и дека планирала да изврши самоубиство.

Хефнер редовно го критикувал нејзиниот изглед и не и дозволувал да посети терапевт кога се борела со депресија поради која размислувала да си го одземе животот како единствен излез.

„Неможев тоа веќе да го поднесам. Сакав да се удавам за да побегнам од тој живот“, напишала во своите мемоари.

Кога конечно ја напуштила вилата на Хефнер, ја заменила зајачицата Кристал Харис со која Хефнер се оженил во 2012 година и биле во брак се до неговата смрт во 2017 година. Ристал често ја прозивала Мадисон во медиумите дека се што напишала во мемоарите го измислила затоа што Хефнер не се оженил со неа.

Како што пренесуваат странските медиуми, на Холи и предложиле нејзините мемоари да бидат искористени за снимање на серија за познатата Плејбој вила и нејзините тајни.

Извор: Мондо.рс