Приведени сопственик и 18 странски државјанки во угостителски објект во тетовско – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/21 3:47 PM

Приведени сопственик и 18 странски државјанки во угостителски објект во тетовско

Синоќа во 01.05 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Тетово извршена е контрола во угостителски објект, во сопственост на А.М.(38) од Тетово, на локалниот пат за с.Сараќино, по пријава дека работел спротивно од Одлуката донесена од страна на Владата на РСМ. При контролата било констатирано дека објектот е отворен и во него биле затекнати 7 гости, тројца вработени и 20 женски лица, од кои 18 странски државјанки од Русија, Србија, Украина и Албанија, кои го злоупотребиле туристичкиот престој, согласно чл.418/а од Кривичниот законик.

Странските државјанки се приведени во полициска станица за понатамошна постапка, а сопственикот А.М. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. При контролата е приведен и Б.Х.(25) од Скопје, кој издржува казна затвор во времетраење од 8 години и 6 месеци, а не се придржувал спрема решението за одмор во кругот на семејството издадено од затворот. Тој ќе биде спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово.