Јелена Жугиќ: ,,Гумените куршуми“ беше многу успешено спинуван мој коментар(видео) – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/21 2:20 PM

Јелена Жугиќ: ,,Гумените куршуми“ беше многу успешено спинуван мој коментар(видео)

Коментарот за „ гумените куршуми “ од  времето на ,,Шарената револуција“ беше многу добро искористен за да ме девалвира по секој основ и професионално и во мојот политички ангажман, изјави  во  емисијата „Стадиона“ на Канал 77, актерката Јелена Жугиќ, во денешното гостување како советник во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.

„ Тоа беше успешно спинуван мој коментар, не беше ниту  фејзбу статус на мојот ФБ профил, туку беше коментар на еден Портал на ФБ, што се викаше ,,Стоп Сорос“, кога јас во форма на прашање напишав, каде се механизмите да се сопре оваа дивеење. Реакциите се јавија после 3-4 дена, тоа беше како смислена реакција, оти да беше поведено по импулс на оние што ме нападнаа на таа тема, ќе беше најверојатно реакцијата одма. Меѓутоа како што се’ беше во Шарената револуција , па така и тоа беше многу добра режија,“ образложи Жугиќ.

Жугиќ вели дека тоа е напишано во времето кога и едната и другата пратеничка група во Собраниета ги изгласаа ,,гумените куршуми“ како начин за справување со дивеењето, хулиганството и насилните демонстрации. Таа додаде дека се извинила, зошто добивала одвратни закани и коментари.

На прашањето каков и  е односот со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, дали постои некој џентламенски однос, пред се’ поради тоа што е од понежниот пол, Жугич вели дека Шилегов има неколку лица и добро би се снашол во некоја претстава .Во јавноста бил едно, на седниците сосема друго.

„ Особено откако почнаа седниците да се одвиваат онлајн влезени сме во една „глува соба“и тука се случуваат „чудесии“. Ние како советници на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе побараме транскрипти, бидејќи седниците се снимаат, тогаш истите транскрипти ни се лепат, се монтираат и сите тие грди и неубави зборови се вадат од транскриптите. Што значи Шилегов апсолутно мора и треба  да биде џентламен, не само спрема нас советничките од понежниот пол, туку воопшто спрема советниците од опозицијата,“ изјави Жугиќ.

Во врска со предлозите во регистерот за нови имиња на улици и булевари во град Скопје, вели дека тука има и добри предлози, но дека сепак вниманието повеќе треба да биде свртено кон изгледот на тие улици и булевари и да се работи на дупките на тие улици особено во центарот на градот, додава Жугиќ.

Целиот разговор со Жугиќ, гледајте го во продолжение.