Христијан Мицковски позитивен на ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/21 11:26 AM

Христијан Мицковски позитивен на ковид-19

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски објави на социјалните мрежи дека е позитивен на Ковид 19.

„По забележаните првични полесни симптоми, ги добив резултатите од тестирањето кои покажуваат дека сум позитивен на вирусот Ковид-19. Иако ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје,“ напиша Мицковски на ФБ.

Само во текот на изминатата недела, тројца градоначалници објавија дека се позитивни на ковид-19.