Вкупно три службени поени од Европската ракометна федерација за скопски Вардар, откако неодиграните натпревари од Лигата на Шампионите не зазедоа место поради пандемијата на коронавирусот.
Еден бод поранешниот европски првак доби од дуелот што требаше да го игра против ПСЖ во Франција и уште два бодови од одложениот гостински меч со германски Фленсбург. Третиот меч, исто така одложен против ПСЖ, ЕХФ реши да го регистрира со службен резултат и победа за Французите.
Во образложението на ЕХФ се вели дека при носење на одлуките била направена врз база на тоа која била причината за одложувањето на средбите.
Со оваа одлука на ЕХФ, Вардар сега има девет бода, а македонскиот претставник на четврти март треба да се соочи со Мешков Брест во Скопје. Потоа ќе се играат осминафиналните средби со ривал од другата група во ЕХФ лигата на шампионите врз основа на тоа на кое место ќе бидат клубовите.
Фото:
rkvardar.mk