Миењето на косата треба да биде прилично лесна задача, но се претпостави дека повеќето луѓе тоа го прават погрешно.
Фризерката Никол Фелисити вели дека вообичаена грешка која луѓето ја прават е што само еднаш нанесуваат шампон на косата.
-Кога прв пат ќе ставите шампон, исчистете ја убаво косата од нанесените гелови и препарати, објаснила Никол. Кога ќе нанесете по втор пат, шампонот ќе го направи она за што е наменет. Исто така, шампонот нанесете го само на кожата на главата, за време на миењето сам ќе помине по целата должина на косата.
Според неа, косата би требало да се мие најмногу два до три пати неделно, бидејќи премногу миење може да предизвика оштетување на косата.
Извор: Телеграф.рс