Актерот и една од најубавите жени пред помирување: Бредли Купер и Ирина Шаек се повторно заедно? – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/21 8:03 PM

Актерот и една од најубавите жени пред помирување: Бредли Купер и Ирина Шаек се повторно заедно?

Холивудскиот актер Бредли Купер (45) и руската манекенка Ирија Шаек (35) се фотографирани заедно во Њујорк, а се повеќе се шпекулира за нивното помирување.

После турбулетните две години во кои се нагодуваше зошто се разделиле Бредли и Ирина, парот е повторно виден заедно.

Папраци успеале да го фотографираат Бредли во автомобилот со својата поранешна девојка Ирина, со која ја има ќерката Леа Де Сена (3).

Извор близок до парот за американскиот магазик „ОК“ рекол дека парот се зближил за време на пандемијата од коронавирусот и меѓу нив повторно се родиле емоции.

Овие нагодувања за нивното помирување се појавиле уште пред неколку месеци.

Парот раскина непосредно после премиерата на фимот „Ѕвездата е родена“, а американските медиуми тога тврдеа дека Бредли е во врска со главната актерка, поп ѕвездата Лејди Гага, но, и двајцата ги негираа наводите.

-Тешко ми е да пронајдам баланс помеѓу тоа што сум самохрана мајка и деловна жена. Верувајте ми, постојат денови кога ќе се разбудам и ќе си помислам: „Ох, Боже, незнам што да правам, се распаѓам“, рекла порано Ирина, а од тогаш се почесто се појавуваат заедно.

Извор: Телеграф.рс