Мијалков спроведен во затворот во Шутка – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/21 7:17 PM

Мијалков спроведен во затворот во Шутка

Од неговиот дом на Водно, Сашо Мијалков, со полициска придружба е спроведен во истражниот затвор во Шутка, потврдија од полицијата за МИА, откако судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за укинување на мерката куќен притвор и му одреди ефективен притвор, до правосилност на пресудата.

Според обвинителката Ленче Ристовска треба да се размисли дали можеби кумулацијата на казните треба да се третираат како основ за определување на подолготраен притвор бидејќи, како што рече, се покажа дека кај нас и во предмет во скратена постапка може да бидат многу сериозни кривични дела.

Во врска со должината на притворот на Мијалков таа истакна дека сите дела што му се ставале на товар и тоа што можело да биде исполнето како битие на кривичните дела согласно Кривичниот законик се води скратена постапка, односно обвинителен предлог каде што роковите за притвор се навистина кратки. Заради тоа, потенцира обвинителката Ристовска, по објава на пресудата максималната должина на притворот е до 60 ден

Обвинителката Ленче Ристовска, како еден од застапниците на обвинението во случајот случајот „Таргет –Тврдина“ побара ефективен притвор, наместо куќниот, за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кому денеска во Основниот кривичен суд Скопје му беше изречена затворска казна од 12 години за овој предмет, што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).