Само 5 деца од Тетово се згружени во згрижувачки семејства. Поради малата заинтересираност за згрижување, во Македонија започна кампања – На секое дете му треба семејство. Караванот денеска го посети Тетово.
Над 200 деца во Македонија бараат згрижувачки семејства. Само 5 деца од Тетово на кои им е потребен топол дом, се сместени во семејства низ градовите во Македонија. Денеска на градскиот плоштад во Тетово граѓаните се информираа за условите за згружување на деца во рамки на кампањата на секое дете му треба семејство.
Директорката на Центарот за социјални работи Тетово Нада Блажевска, вели дека најпотребно е желба за некое семејство да згрижи дете, а процедурата за згрижување вели е едноставна.
Кампањата на секое дете му е потребно згружувачко семејство се реализира со помош на Организацијата на Обединети Нации.
Зоран Димовски