Европската ракометна федерација (ЕХФ) го регистрира со службен резултат натпреварот од деветтото коло на групата Д на Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Рајн Некар Левен.
Недоаѓањето на германската екипа во Битола значи службена победа на македонскиот претставник со 10:0.
Со овие два бода, ракометниот клуб на Еурофарм Пелистер, во пресрет на последното десетто коло и натпреварот во Швајцарија против Кадетен Шафхаузен, на табелата сега има 11 бодови и реална можност за учество во следна фаза од европската ракометна лига ЕХФ.
Фото:
sueddeutsche.de