Хрватската пејачка Северина на Јутјуб објави филм „Како да се претворам во Северина“.
Документарниот филм е снимен за време на турнејата „Здраво Маријо“ во 2009 година.
„Како да се претворам во Северина“ е црно-бел филм кој трае 35 минути и ги прати нејзините подготовки за концерти, од проби, шминкање, до разговор со соработниците и новинарите.
Прикажани се и сцени од дружење и опуштање, а во филмот се појавува и тогашниот вереник Славко Шаиновиќ.
Крајот на документарецот прикажува сцена од нејзиниот белградски концерт кој е одржан во рамките на турнејата, а дава и увид во подготовките кои му претходеле.
Извор: B92.net