Утринава пред 10 часот улицата 29 ноември наспроти Клиничката болница Тетово регистриран е вооружен инцидент, во кој за среќа нема повредени. Инцидентот настанал поради должничко – доверителски односи меѓу двете лица учесници во инцидентот.
Вооружениот инцидент настанал откако 52 годишен жител од Џепчиште прв физичко го нападнап тетовецот на возраст од 58 години, по што тој извадил пиштал и пукал кон него. За среќа куршумот завршил во автомобил кој случајно бил на улицата 29 ноември.
Првичните информации на полицијата говорат дека двете лица случајно се сретнале и започнале најрпвин вербална расправија, поради претходно должничко – доверителски односи.
Експертите велат дека има често употреба на нелегално оружје, како во последниот случај со инцидентот наспроти Клиничката болница Тетово.
Велат дека може да се намалат парчињата на оружје кои ги поседуваат нелегално граѓаните, ако на полциијата им се дадат поголеми овластуавња при вршење на контроли.
Увидот по денешниот инцидент кој го изврши полицијата и јавното обвинителство заврши доцна попладнево. Подетални информации од полицијата за денешниот инцидент најавуваат за наредните денови.
Зоран Димовски