„Конечно дома, после 20 дена изолација и лекување од Ковид-19 и компликациите кои ми ги направи вирусот, па во болница уште 19 дена, па операција и уште што не“, вели фолк пејачката Милица Кузмановска, која, како што вели, после два месеци голгота што ја поминала поради компликациите што и ги предизвикал вирусот.
– Симптомите за Ковид-19 не беа страшни, пострашни беа последиците од заразата. Јас изгубив вкус мирис, бев малаксана, кашлав, но за среќа со дишењето добро ми беше, не се симна на белите дробови. Велат Ковид-19 напаѓа еден огран кај што си најслаб, а кај мене не знам што попрво ми нападна. Мене ми се појави обилно крварење, па завршив во болница со 10 кеси крв и плазма. На ГАК ме примија критично, па мораа прво да ме стабилизираат, па да ме оперираат. Два месеци бел ден не видов, а последиците допрва треба да ги решавам. Иако излегов од болница, допрва треба да правам испитувања, што се ми има зафатено овој вирус. Денес излегов од болница и не знам на кого да се заблагодарам, и на Господ и на медицинските лица што останав жива, вели пејачката за ММС.
Таа е изнемоштена и, како што вели, за влакно преживеала. Според неа да не се заразела, можеби немало до толку да се искомплицира нејзината здравствена состојба.
Konecno doma….
Posle 20 dena izolacija i lekuvanje od Covid i komplikaciite koi mi gi napravi, vo bolnica uste 19…Posted by Milica Jokanović Kuzmanovska on Friday, February 26, 2021
-Да не ме фатеше ковидов немаше да има толку компликации. Се надевам дека ќе се нормализирам. Во целата нереќа, како што не настапуваме никаде цела година, па и среќа што не работиме, па можам да се посветам на себе. Само што си дојдов дома се прашувам самата себе си, колку може да издржи еден човек, една жена, барајќи сила во сопствената немоќ. Секогаш повеќе од тоа што знае и од очекуваното. Остана уште еден предизвик пред мене, ама не се давам, многу пати сум се кренала од пепелта како Феникс, а овој пат се кренав од многу, многу, многу пепел, вели Милица и додава:
– Од осми јануари почна се, па потоа ми се јавија и другите проблеми, па операција. Но, пред операцијата еден куп компликации. Лекарот ми кажа дека се ми е последица од Ковид-19. Прво не можеа да ме оперираат, шеќерот ми се качи на 12, па притисокот нагло скокна, па сетоа тоа прво требаше да се смири, па дури потоа операција. И не знам што да мислам после се, после цела година пиење витмини, а не сум ни излегла од дома. Не знам од каде го фатив, од каде ми се залепи. Ете, не е се во животот само убавини, но се надевам дека лошото помина и дека се ќе биде во ред. Среќна сум што сум дома, се надевам дека голготата, во вистинска смисла на зборот, е зад мене. Да можам да проодам малку и ќе заминам на планина. Морам да си го вратам здравјето. А допрва и испитувања ми следат, да видам каков хаост ми е во организмот. На никој не посакувам ваква голгота. Тешко ми е и кога зборувам и затоа времево навистина сакам да се посветам на себе си. Благодарам на поддршката на сите, нека ми простат што не можев да им одговорам на сите, објаснува Милица.
Единствена добра работа, што во овие два месеци што морала да ги преживее, вели, е што запознала луѓе со исти судбини.
-Убавата страна е што во болница ги запознав моите пријателки, величини од жени, Фикнете, Дафинка, Филиз, Радмила, Елизабета… Сон нив си го прославив излегувањето на моето ново ЦД. Сите се чувавме една со друга , си помагавме, делевме се. Им благодарам бескрајно. И на крајот пак ќе кажам- благодарам Господе за овој живот, секогаш сé било и ќе биде во твои раце, вели пејачката.
Весна Миленковска