Сосед силувал 63-годишна жена во нејзиниот дом во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/21 2:13 PM

Сосед силувал 63-годишна жена во нејзиниот дом во Штип

Штипската полиција до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против Ц.М.(41) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“, казниво по член 186 став 2 в.в.ст.1 од Кривичниот законик.

-Пријавениот, на 23.02.2021 физички нападнал 63 – годишна сосетка во нејзиниот дом во Штип и извршил обљуба над неа. Наредниот ден, 24.02.2021, пријавениот повторно физички ја нападнал оштетената, соопшти  СВР Штип.