Eпизодата на некогаш еден од најдобрите млади европски проспекти во НБА лигата се покажа како неуспешна. Марио Хезоња кој во 2015-та од Барселона се пресели во Орландо Меџик, а потоа беше трејдуван во Никси, Блејзерси и Гризлис, не успеа да го прикаже својот талент во најдобрата светска кошаркарска лига.
За спас на кариерата и тоа во најубавите играчки години, хрватскиот репрезентативец се врати во Европа. И тоа во еден од најголемите евролигашки колективи, грчки Панатинаикос. Дваесет и петгодишниот Хезоња потпиша за ПАО до крајот на сезоната и стави крај на шпекулациите поврзани со негов кам-бек во Барселона или Макаби.
Хрватот пристигна во Атина и буквално не можеше да излезе од автомобилот. „Gate 13“, едни од најжестоките навивачи во Европа, извикувајќи „Супер Марио“ изразија огромна поддршка за Хезоња, кој ќе претставува фантастично засилување за клубот од „зелениот“ дел на грчката престолнина.
This is how Panathinaikos fans greeted Mario Hezonja at the Athens International Airport.
(Via https://t.co/4QQhYtiafw / yt) pic.twitter.com/tEbAYsCSTf
— Dionysis Aravantinos (@AravantinosDA) February 25, 2021
Фото:
еurohoops.com