ЕУРО 2020 би можело да се одигра само во една земја, македонската репрезентација ќе дебитира во Англија – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/21 7:32 PM

ЕУРО 2020 би можело да се одигра само во една земја, македонската репрезентација ќе дебитира во Англија

Европското првенство во фудбал кое требаше да се одржи минатата година, а беше одложено поради пандемијата на коронавирусот, се соочува со уште еден нов предизвик. Иако се чинеше дека овој јуни повеќе земји ќе бидат домаќини на големиот турнир, шпекулациите од Италија кажуваат поинаку.

Претстојното Европско првенство на кое учество ќе земе и македонската фудбалска репрезентација наместо во предвидените 12 земји, би можело да се одигра само во една, Англија. Како што пандемијата остави импакт врз целокупниот спорт, така и сега коронавирусот ќе влијае на самиот формат на првенството.

УЕФА ја разгледувала оваа опција, притисната од лошата епидемиолошка ситуација на „стариот континент“, а конечната одлука ќе ја дознае јавноста во средината на месец април.

Англија секако беше планирана како домаќин на полуфиналето и финалето на Европското.