Мирослав Алексиќ, сопственикот на школата за глума, утре треба да се изјасни во Вишото обвинителство за сексуална злоупотреба на ученичка која неодамна го пријави во полиција.
Мирослав Мика Алексиќ , денес треба повторно да биде префрлен од Централниот затвор во Вишото обвинителство во Белград, кој ја води истрага против него за силување и незаконски сексуални дејствија против неколку поранешни студентки.
Како што дознаваат српските медиуми, обвинителството добило пријава од уште една девојка која го пријавила Алексиќ и тој денеска треба да одговори на нејзините обвинувања.
– Алексиќ за прв пат беше на распит во обвинителството на 16 јануари, а по втор пат на 8 февруари. И двете сослушувања траеја многу кратко, бидејќи тој се изјасни како невин, но не даде детали, ниту сакаше да одговори на прашањата. Тој исто така рече дека не знае зошто девојките го обвиниле по толку години, но не зборуваше детално за одделни случаи – потсетува изворот за српските медиуми.
Според неговите зборови, Алексиќ сепак има право да не одговара на прашањата и да не ја изнесува својата одбрана, но може и детално да зборува за обвинувањата.
– Досега во истрагата се сослушани осум девојки кои имаат статус на оштетени, како и неколку од нив за кои кривичното гонење е застарено, па имаат статус на сведок. До крајот на истрагата, остануваат да бидат испитани уште неколку лица кои би можеле да имаат информации за тоа што се случило во училиштето за глума, а доколку одбраната нема нови предлози за докази, истрагата би можела да заврши наскоро – вели изворот.
Извор: Курир.рс