Вандали го уништиле симболот БИТОЛА – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/21 10:43 AM

Вандали го уништиле симболот БИТОЛА

Битолската јавност ја потресе нов вандалски чин во центарот на градот. Симболот со буквите БИТОЛА кој стана препознатилив во градот и беше омилено место на граѓаните и туриститите кои доаѓаа да го посетат градот, е вандалски уништен.

Искршени се дел од буквите, оштетени се рефлекторите и металната конструкција.

„ Во моментов се врши увид на терен , по што ќе се преземат соодветни мерки за санација. Пред само неколку денови, Општина Битола испрати апел до граѓаните да не ги уништуваат јавните добра, откако масовно беше регистрирано уништување на автобуските стојалишта, а претходно и терминал на ЈП Паркинзи.

Жално е што ваквите вандалски појави на уништувања на симболите, кои што се дел од нашата култура на живеење, сè повеќе зачестуваат. Општина Битола повторно апелира на разум и негување на објектите, со цел заеднички и конструктивно да придонесеме за создавање слика за нас, како битолчани“, соопшија од општина Битола.